Околу 75.000 луѓе евакуирани на Шри Ланка поради циклон

Сподели со своите пријатели

Шри Ланка евакуираше 75.000 луѓе од нивните домови на источниот брег, каде вечерва се очекува тропскиот циклон Буреви, кој носи ветрови од 80 до 90 километри на час.

Loading...

Циклонот најверојатно ќе ги оштети крајбрежните згради, ќе го прекине снабдувањето со електрична енергија и ќе донесе поплави, соопшти Центарот за управување со катастрофи, советувајќи ги оние што живеат во близина на патот по кој ќе помине циклонот да останат во затворени простории.

Евакуираните од областа Тринкомале, каде се очекува циклонот најсилно да удри, се сместени во 237 хуманитарни центри сè додека не помине невремето, соопштија локалните власти.

– До вечер или во текот на ноќта циклонот ќе го погоди копното, информира Атула Карунанајаке, директор на Метеоролошкиот институт, додавајќи дека во некои области ќе наврнат над 200 милиметри дожд.

Циклонот утре ќе продолжи да се движи северозападно кон Арапското Море, додаде тој.

Јасмина Тасевска

Leave a Reply