Полицијата во Стокхолм соопшти дека го истражува случајот на мајка која 28 години го чувала синот заклучен во станот.
Loading...
Обвинителката Ема Олсон изјави дека е покрената истрага против жена на околу 70 години, кој се сомничи дека незаконски му ја одзела слободата и му нанела тешки телесни повреди. Синот бил неодамна откриен од роднина, кој ја известил шведската полиција.
Жената негирала дека направила нешто лошо, а 41-годишниот син е хоспитализиран поради повредите.
Роднината која го открила случајот истакна дека мажот бил валкан, без заби, со рани на нозете, а говорот му бил нејасен.
Според шведските медиуми синот бил затворен во станот кога имал 13 години односно пред 28 години.
Марина Илиевска