Џулијани побарал предвремено помилување од Трамп

Сподели со своите пријатели

Руди Џулијани, личниот адвокат на Доналд Трамп, побарал потврда за помилување од претседателот, во случај да биде обвинет откако Трамп ќе ја напушти Белата куќа, јави денеска Њујорк тајмс. 

Loading...

Според извори на весникот, двајцата и претходно разговарале на оваа тема, Трамп посочил дека ќе го стори тоа. 

Весникот дознава дека Џулијани има потенцијал да биде изложен на обвиненија за сторени криминални дела. Тој е дел од мината истрага на сојузни обинители од Менхетн за неговите активности во Украина и улога во отпуштањето на американскиот амбасадор таму, дел од случајот со импичмент на Трамп покренат од демократите во Конгресот во 2019 година. 

Според познавачите, предвремено бланко помилување, еден вид на имунитет од идни обвиненија или осуди, е крајно невообичаена практика во американската политика. Но сепак, има историски преценденти. 

Претседателот Џорџ Вашингтон, на пример, на тој начин ги ослободил заговарачите на Востанието за виски во 1791 година. Најпознат е примерот кога претседателот Џералд Форд го помилува Ричард Никсон од сите негови незаконски акции како претседател. Додека, пак, Џими Картер, помилува илјадници Американци кои незаконски избегнувале регрутација за да не бидат пратени на фронтот во Виетнамската војна. 

Трамп ја користи својата надлежност за давање милост во случаи кои се поврзани со него лично или за луѓе кои имаат директен пристап до него преку пријатели или семејство.  

Така, минатата недела тој го помилува својот поранешен советник за национална безбедност, Мајкл Флин, а претходно и Роџер Стоун, негов долгогодишен соработник.  

Џулијани е најистурениот човек на Трамп во кампањата за оспорување на резултатите од претседателските изборите во САД на кои актуелниот шеф на државата беше поразен од неговиот противкандидат, демократот Џо Бајден, поранешен потпретседател. 

Loading...

Борис Камчев, САД

Leave a Reply