„Вклучи се во креирањето на Буџетот на Општина Куманово“, вака денеска локалната самоуправа ги повика граѓаните да бидат дел од креирање на финансиската политика на градот.
Loading...
Станува збор за дигитална алатка преку која граѓаните ќе можат да даваат идеи и предлози за приоритетни проекти.
– Пополнете го онлајн анкетниот прашалник и вклучете се во креирање на буџетот на Општина Куманово за 2021 година. Со вашите предлози и идеи ќе придонесете за креирање на буџет, кој ќе ги рефлектира потребите на граѓаните. Анкетниот прашалник можете да го пополните на следниот линк, стои во објавата на општината.
Се што треба да направат граѓаните е да го пополнат формуларот кој што може да го пронајдат ТУКА.
Анкетата ќе биде активна заклучно со 07/12/2020.
Никола Ивановски