Хенкок: Во Англија повторно го држиме вирусот под контрола

Сподели со своите пријатели

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок денеска изјави дека во Англија е воспоставена контрола врз пандемијата на коронавирусот и дека е подготвена во текот на неделава да излезе од „блокадата“ воспоставена на национално ниво.

Loading...

– Повторно ја држиме ситуацијата под контрола, истакна Хенкок.

Англија треба да излезе од „блокадата“ оваа недела и да воведе помалку ограничувачки мерки за кои би гласал Парламентот.

Британската Влада претходно објави дека денеска се регистрирани 12.330 новозаразени, што е зголемување во споредба со претходниот ден кога имаше 12.155 случаи.

Во Британија, од почетокот на епидемијата, вкупно 1,629,657 лица се заразиле со коронавирусот.

Јасмина Тасевска

Leave a Reply