Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Куманово и околината ќе биде облачно и посвежо. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Loading...

Температурата ќе се движи во интервал од утрински -8 до максимални дневни само до вториот степен.

 

 

Утре ќе имаме благо разведрување, односно период на сонце и облаци. Утринската температура ќе биде шест степени под нулата, а максимумот во текот на денот ќе достигне 4 степени.

Сончево до умерено облачно ќе биде и во среда. Температурата тогаш ќе се движи од минимални -1, до максимални пет степени целзиусови.

Четврток носи повторно зголемување на облачноста кое ќе донесе услови за врнежи од дожд. Температурата ќе се движи од минимални 1 до максимални 7 степени.

Loading...

Во петок повеќе нема да има дожд, туку ќе биде сончево до умерено облачно со температури од 1 до 8 степени.

Потопло ќе биде за време на викендот што претстои. Сабота носи сончево време со максимални 10 степени, додека исто толку се очекуваат и во недела, но со врнежи од дожд.

 

 

Никола Ивановски

Leave a Reply