Државна помош побарале уште 778.000 невработени во САД

Сподели со своите пријатели

Околу 778.000 американски работници минатата недела се пријавиле за надомест за невработеност, бидејќи ненадејниот раст на случаи на коронавирус го попречува и го држи под притисок закрепнувањето на пазарот на трудот, соопшти денеска Министерството за труд на САД.

Loading...

Со новите невработени кои поднеле барање за државна помош, вкупниот број, според евиденцијата на Министерството, достигна околу 68,9 милиони луѓе, покажуваат сезонски усогласените податоци за ефектите од Ковид-19, што е приближно еднакво на населението на Тајланд, пренесува „Њујорк Пост“.

Бројот на новорегистрирани невработени се зголемува втора недела по ред, а веќе девет месеци по ред го надминува највисокото ниво од периодот пред пандемијата од 695.000 поднесени апликации.

Јасмина Тасевска

Leave a Reply