Британско-австралиски академик ослободена во замена за тројца Иранци

Сподели со своите пријатели

Иран ја ослободи британско-австралиската академик Кајли Мур-Гилбрет во замена за тројца Иранци кои биле во притвор во странство, јави интернет страница поврзана со иранската државна телевизија.

Loading...

– Ирански бизнисмен и двајца ирански државјани кои беа притворени во странство под неосновани обвиненија се разменети за Кајли Мур-Гилберт, национална шпионка со двојно државјанство, која работеше за ционистичкиот режим, соопшти на Твитер Клубот на млади новинари (Young Journalist Club), а пренесоа светските агенции.

Тројцата Иранци кои се ослободени како дел од размената, биле приведени поради обид да избегнат санкции, информира иранската државна телевизија.

Мур-Гилберт, експерт за политика на Блискиот исток на Универзитетот во Мелбурн, беше приведен во септември 2018 година во Иран.

Таа беше осудена на 10 години затвор за шпионажа.

Јасмина Тасевска

Leave a Reply