Илон Маск, јужноафриканско-американски претприемач, инженер и основач на познатите компании SpaceX и Tesla, изјави дека неговата љубов кон програмирањето доаѓа од видео игрите.
49-годишниот бизнисмен, милијардер и еден од најбогатите луѓе во светот, рече дека неговиот афинитет кон технологијата, компјутерите и програмирањето произлегува од неговата страст кон игрите.
Илон Маск предлага на Марс да се фрлаат нуклеарни бомби (ВИДЕО)
„Игрите ми дадоа многу инспирација“, рече Маск. „Заради нив, сакав да научам да програмирам и да правам свои игри.
Неговата љубов кон игрите започнала во хотел во САД, кога на 10-годишна возраст го открил шармот на аркадните игри. Ова искуство го инспирирало да започне со програмирање. Така, на само 12 години, тој ја продал својата прва компјутерска игра, Blaster, за 500 долари.
Оттогаш тој го основал Zip 2, кој го продаде на Компак за 307 милиони долари.
Богатството на Илон Маск се зголеми на 90 милијарди долари
Тогаш Маск ја основаше X.com, која подоцна стана познатата компанија PayPal. Ибеј го купи PayPal во октомври 2002 година за 1,5 милијарди долари.
Интересно е да се слушне дека толку успешна личност зборува за позитивното влијание на видео игрите.