Кошаркарите на Куманово утре со почеток во 19 часот на гостински терен го играат реванш натпреварот против скопски ТФТ во рамките на БИБЛ лигата.
Loading...
Натпреварот кој веќе требаше да биде одигран, во два наврати беше одложуван, првин поради позитивни на Ковид-19 во редовите на ТФТ, а потоа и во редовите на Куманово.
БИБЛ одлучи судиите и делегатот на оваа средба да бидат домашни. Односно средбата да ја судат: Александар Милојевиќ, Алија Феревски и Томи Панов, а во улога на делегат да биде Марјан Тодоровски.
Во првиот меч меѓу овие два тима Куманово успеа да го надигра ТФТ.