Во Африка повеќе од два милиона луѓе заразени со Ковид-19

Сподели со своите пријатели

Во африканските држави во изминатите 24 часа регистрирани се 9.448 потврдени случаи со новиот коронавирус, а вкупниот број се искачи над два милиона, соопшти денеска Регионалната канцеларија на Светска здравствена организација за Африка.

Loading...

Во Африка вкупно со Ковид-19 инфицирани се 2.079.911 лица. Во изминатото деноноќие регистрирани се 272 смртни случаи, со што вкупниот број на починати од последици од новиот коронавирус изнесува 49.993 лица, а оздравеле над 1,7 милиони луѓе.

Светска здравствена организација на 11 март 2020 година прогласи пандемија, а според најновите посдатоци над 59,1 милиони луѓе се заразени со Ковид-19, од кои околу 1,4 милиони луѓе починале од последици од новиот коронавирус.

Марина Илиевска

Leave a Reply