Германската економија во третиот квартал нарасна за 8,5 отсто

Сподели со своите пријатели

Германскиот бруто домашен производ во третиот квартал од годинава нарасна за рекордни 8,5 проценти, закрепнувајќи се од невидениот пад што пролетва го предизвика првиот бран на пандемијата од Ковид-19, соопшти денеска Централното биро за статистика – Дестатис.

Loading...

Британските медиуми пренесуваат дека конечниот индикатор за економски раст во третиот квартал е ревидиран нагоре во споредба со претходната брза проценка, кога беше објавено дека растот ќе биде  8,2 проценти.

Во вториот квартал германското БДП опадна за 9,8 проценти.

Сашко Димевски

Leave a Reply