Масовно тестирање во Италија откри 3.180 асимптоматски случаи на коронавирусот

Сподели со своите пријатели

Северната италијанска провинција Алто Адиџе тестираше повеќе од 350.000 жители за три дена, со цел откривање на асимптоматски случаи, односно лица заразени со Ковид-19 кои немаат никакви симптоми.

Loading...

Според „Раи њуз 24“ при тестирањето откриени се 3.180 лица кои се заразени со коронавирусот, но не покажуваат никакви знаци на инфекција.

Заразените ќе бидат ставени во домашен карантин.

Претседателот на регионот, Арно Компачер рече дека на овој начин, регионот спречил нови 90.000 заразени лица, што сигурно ќе се случело ако асимптоматските не биле однапред откриени и ставени во изолација.

Алто Адиџе е провинција позната како многу популарен скијачки центар. Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца претходно изјави дека зимските спортови годинава ќе зависат од епидемиолошката состојба.

Јасмина Тасевска

Leave a Reply