Семејна куќа лоцирана на улицата „Тоде Мендол“ во Куманово, вчера бил опожарена.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 13:15 до 13:45 часот интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.
Причина како и висина на материјалвата штета дополнително ке се утврдува, велат надлежните.
Ова е четврта интервенција на запалена куќа во текот на изминатите недела дена на подрачјето на Територијалната противпожарна единица Куманово.
Минатата недела куќи беа опожарена во населбата Средорек, како и во селото Лојане.
Само ден претходно, пожарникарите водеа битка со пламени јазици во центарот на Куманово, каде се запали напуштена куќа која се закануваше да зафати неколку куќи лепенки.
Кон почетокот на месецов, четири куќи беа опожарени во месноста Ново Куманово, како и една во населбата Горно Којнаре.