Кумановскиот дом за стари лица „Зафир Сајто“ ја одбележува Неделата за грижа на стари лица со предавања за заштита од коронавирусот, мерки кои се преземаат во установата наменети за старите лица корисници, организирани од службата, соопштија денеска надлежните од Домот.
– Неделата на грижа на старите лица социјалната, медицинската и негувателската служба разговараа со дел од корисниците и организираа средба, на кои ги информираа како да се заштитат од вирусот, како да го зачуваат нивното здравје. Сите активности кои беа традиционални изминативе години секако согласно пандемијата не се реализираат – изјави директорот на установата, Дејан Стојановски.
Во моментов, информираше Стојановски редуцирани се барањата за прием на нови корисници. Установата од март досега работи со намален капацитет согласно одобрениот протокол за прием и работа во услови на Ковид 19. Установата претходно предложи предлог-протокол за работа кој бил одобрен од комисијата за заразни болести, со што беше овозможено функционирање во услови на пандемија.
Од кумановскиот дом за стари лица. велат дека имаат одлична соработка и постојана координација со Центарот за јавно здравје Куманово кои редовно ја следат состојбата во домот, бидејќи станува збор за ранлива категорија згрижени лица. Во домот од почетокот на пандемијата имаше неколкумина вработени кои беа позитивни на коронавирус.
-Согласно протоколите сѐ уште согласно протоколите не е одобрено видување на семејствата со корисниците. Но, секако тие се слушаат преку телефон, се гледаат преку скајп, вибер со своите блиски- додава Стојановски. кои ги користата поволностите на технологијата за да се видат и слушнат преку вработените со своите блиски.
Во домот моментално сместени се 135 корисници.
„Зафир Сајто“, располага со 3.200 станбена површина и 3.000 метри квадратни дворна површина. Надлежните најавија дека во наредниот период дополнително ќе вложуваат во условите за престој.