Јаневски: Обезбедени 287 стипендии за деца со попреченост во прво и второ одделение

Сподели со своите пријатели

Владата на Република Северна Македонија заедно со Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“ обезбеди 287 стипендии за деца со попреченост кои се запишани оваа учебна година во прво и второ одделение, информираше денеска на прес конференција Драган Јаневски од Општинската организација на СДСМ Куманово.

Со тоа, како што истакна Јаневски, се поттикнува запишувањето на учениците со попреченост во редовното образование и се  поддржува инклузивното образование за секое дете.

– Проектот овозможува и туторска поддршка на овие деца, со што 30 тутори кои помина низ процес на обука ќе им даваат дополнителна поддршка на децата во совладување на наставната содржина.  Инклузивното образование треба да биде наш врвен приоритет бидејќи само така ќе покажеме вистинска грижа за различните потреби на учениците при што ќе им обезбедиме пристапност, соодветна поддршка, и со самото тоа ќе се зголеми нивното учество во училиштето и заедницата. Тука се вклучува и постепено прилагодување на образовните содржини, изнаоѓање на соодветни наставни приоди и инклузивна организација на воспитно образовниот процес за да се овозможи достапно и квалитетно образование за секое дете поединечно, изјави Јаневски.

Преку образованието полесно ќе се допре до сите, вели Јаневски, а преку инклузија ќе бидеме еднакви, иако имаме различни потреби.

Никола Ивановски

Leave a Reply