Повеќе од 100.000 луѓе починаа во Мексико од Ковид-19, соопштија властите на таа земја.
Loading...
Водечкиот епидемиолог во Мексико, Хозе Луис Аломија Сегара, синоќа потврди дека се регистрирани 100.104 смртни случаи во земјата.
Мексико е четврта земја што забележа црно салдо со повеќе од 100.000 смртни случаи, по САД, Бразил и Индија.
Податоците се објавени една недела откако мексиканските власти потврдија дека повеќе од милион луѓе биле заразени со вирусот.
Сања Костовска