Швајцарија предложи зголемување на средствата за помош на економијата

Сподели со своите пријатели

Швајцарската Влада предложи зголемување на средствата за помош на компаниите кои се најпогодени од пандемијата на Ковид-19, од 369,86 милиони евра на 924,69 милиони евра.

Loading...

Владата соопшти дека ќе обезбеди две третини од трошоците доколку Парламентот одобри зголемување на средствата, а останатиот износ ќе го снабдат регионалните влади.

Помошта предвидува продолжување на шемата за краткорочен надомест за труд, а спортските клубови ќе добијат поддршка во вид на неповратни грантови.

Владата смета дека постоечкиот пакет мерки ќе биде доволно за да се ублажи економското влијание на пандемијата. Во Швајцарија и Лихтенштајн досега од коронавирус починале 3.385 лица.

Габриела Точко

Leave a Reply