Пелоси останува спикер и во новиот состав на Претставничкиот дом на САД

Сподели со своите пријатели

Демократската конгресменка Ненси Пелоси останува спикер на Претставничкиот дом и во новиот состав на американскиот Конгрес, што ќе биде свикан на 3 јануари 2021 година, јави дописникот на МИА од Вашингтон.  

Loading...

За денеска е закажано гласањето за номинацијата на Пелоси, која е на возраст од 80 години, и успеа да ја задржи позицијата, па дури и да придобие поранешни опоненти. 

Наскоро треба да бидат утврдени и последните неколку мандати за членови на Долниот дом, но демократите на овие избори претрпија разочарување – не успееја да одземат ниту една републиканска фотеља, а изгубија најмалку осум свои.  

Претседателствувањето на Пелоси во новиот состав ќе биде со  многу тесно мнозинство, најтесно по Втората светска војна, дознава Њујорк тајмс.

Според проценките, демократите од високата бројка од 232 членови наспроти 197-те републиканци во поранешниот состав, сега може да се надеваат да контролираат најмногу 222 гласа на гласањата, наведуваат набљудувачите. 

Лидерот на малцинството во Долниот дом, во следниот период ќе биде републиканскиот конгресмен од Калифорнија Кевин Меакарти, а беше избран синоќа.

Борис Камчев, САД

Leave a Reply