Уште еден „црн рекорд“ е регистриран денеска во Австрија, откако повеќе од 100 лица починаа од коронавирус, првпат во еден ден.
Loading...
Во изминатите 24 часа бројот на новозаболени и починати драстично се зголеми на 7.091, а бројот на смртни случаи на 109. Вкупниот број починати во Австрија се искачи на 2.058.
Во моментов во Австрија има 76.839 активни пациенти, од кои 4.592 се хоспитализирани, а 682 се на интензивна нега.
Од почетокот на епидемијата на коронавирус во Австрија, 221.631 лице е тестирано позитивно, а 142.738 се излекувани.
Пандорка Арсовска-Гацова