Борбата на медицинскиот кадар нека биде наш потик да ги почитуваме мерките, порача Илиќ

Сподели со своите пријатели

„Борбата на медицинскиот кадар на инфективните одделенија нека биде наш потик да ги почитуваме профилактичките мерки“, порача денеска на прес конференција Томица Илиќ од Општинската организација на СДСМ Куманово.

Loading...

Како што рече Илиќ, време е да престане критикувањето, и сите заеднички да дадат допринос во борбата која ја водат здрасвтвените работници, Министерството за здравство и Владата.

– Во Куманово имаме околу 900 активни случаи и безмалку стотина хоспитализирани, непочитувањето на мерките и препораките  не доведе во ситуација на енормно зголемување на бројките во Куманово. Доколку вистински и искрено ја почитуваме државата во која што живееме да покажеме почит кон самите себе и своето здравје но и уште поголема почит кон здравјето на другите околу нас. Само на тој начин ке покажеме зрелост како граѓани кои вистински се грижат за својата иднина, рече Илиќ.

Како што рече Илиќ, во очекување се брзите антигенски тестови наскоро да бидат достапни и во Куманово.

–  Во подготовка се и мобилните болници во повеќе градови  во државата, Општина Куманово со ребалансот на буџетот одвои средства за обезбедување на сите предуслови за изградба на мобилна болница во Куманово и се очекува Куманово да биде меѓу првите градови кој ке добие ваков тип на болнички капацитет, изјави Илиќ.

Ниту една мерка, вели Илиќ, не може да ја промени нашата свест, освен ние самите.

Никола Ивановски

Leave a Reply