Станари од неколку комплекси од Куманово реагираат дека има непрописно паркирани возила, градоначалникот Максим Димитриевски да пријави во пајак-службата. Граѓаните се жалат дека просторот за паркирање во градското подрачје е узрупиран од поеднци кои го користат за препродажба на половни возила, а голем дел од нив доаѓаат на работа и ги оставаат возилата по завршување на работното време.
Овој проблем особено е актуелен на булеварот „Октомвриска револуција“. За да се искоренат проблемите на повеќе локации во градот, вели градоначалникот, на Куманово му е потребна сообраќајна студија. За да се воведе зона „Б“ за паркирање потребно е граѓаните да достават барање.
– Имаме регуларно паркирани возила и дополнително имаме незаконски паркирани возила за кои што самите жители треба да ја известат полицијата на 192, да ги пријават возилата, да дојде пајак возило заедно со полициски службеник и оние што се непрописно паркирани возила да ги отстрани за да се откочи прометот во тој дел или тесното грло во сообраќајот, рече Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово
Меѓу мерките кои ги презела општината за подобрување на безбедноста во сообраќајот, рече Димитриевски се поставуавње на „лежечки полицајци“, поставување столбови.
-Не може да се смени се преку ноќ, едноставно одиме фаза по фаза, по приоритети, прво главните булевари, главните улици, а потоа можеби и ќе дојдеме во втора фаза на помалите улици и сведоци сме дека најголем дел од паркинг просторите кои што се изградени своевремено да бидат во функција на станбените комплекси се узурпирани од страна на поедници кои што ги имаат трансформирано во локации за препродажба на стари возила и поради тој недостаток на простор и узурпацијата од страна на ваквите поединци кои што тој промет со возилата треба да го вршат на авто-пазарите, а ги паркираат на овие јавни паркинзи дополнително им отежнуваат на жителите кои што живеат во тие делови на градот да немаат можност да ги паркираат своите возила. И тоа планираме да го уредиме со воведување на втора и трета фаза на паркинг услугите. Како што знаете, веќе воведовме втора фаза кај сегашната административна служба на МВР или поранешен Дом на АРМ, во план е и третата фаза и по барање на граѓаните кои што живеат во ваквите колективни згради за домување можеме да воведеме систем на наплата на таквите локации, но сепак барањето треба да дојде од граѓаните, рече Димитриевски.
Инаку, Куманово е град со инфраструктура која што е создадена за значително помал број возила, а во моментов во Куманово има над 27.000 регистрирани возила, посочуваат надлежните.
Александра Максимовска, Куманово