Во Токио денеска се регистрирани речиси 500 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, што е најголем дневен биланс на бројот на заразени лица во главниот град на Јапонија од почетокот на пандемијата.
Loading...
Властите во Токио денеска регистрираа 493 нови случаи. Претходно, најголемиот број на заразени лица во Токио беше на 1 август – 472.
Црниот рекорд е регистриран на денот кога претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах ја заврши посетата на Јапонија, каде разговараше со јапонските власти за Олимписките игри планирани за следното лето.
Јапонија досега има 120.815 заразени и 1.913 смртни случаи.
Јасмина Тасевска