Јапонскиот премиер сака да ги искорени печатите

Сподели со своите пријатели

Новиот јапонски премиер прогласи војна, но нема опасност од меѓународен судир. Мета на неговиот гнев е скромниот и мал печат познат како ханко.

Loading...

Можеби изгледа парадоксално за земја која често се смета за футуристички технолошки рај, но јапонската бизнис и државна бироктатија се тешко зависни од хартиени документи, а тие се верификуваат со печат.

Тоа не враќа на ханко, печати кои се користат за се, од фактури до извод за починато лице. Но, проблемите се појавија за време на пандемијата, кога се сфати дека многу Јапонци не можат да работат од дома, бидејќи морале да ставаат печат на документите во канцеларија.

Новиот премиер Јошихаде Суга сака да ја дигитализира земјата, но се соочи со голем „отпор“ од печатите, кои ги има од пластични, што масовно се произведуваат, до рачно изгравирани и многу ценетите древни печати што се употребуваат за посебни пригоди.

Мајсторот за изработка на печати Такахиро Макино, кој макотрпно ги гравира минијатурните букви и знаци на секој уникатен примерок што ќе го изработи, не е многу загрижен од намерата на Суга.

„Не треба да се употребуваат работи кои не се нужни, но од друга страна, тоа што е вредно ќе преживее без оглед на се, изјави Макино во својата работилница во центарот на Токио. Тој внимателно го гравира името на лицето или фирмата, што ќе го користи печатот“.

Цврсто изработените пачати како на Макино чинат и неколку стотина долари и родителите често им ги подаруваат на децата, кога ќе станат полнолетни. Знак дека стануваат одговорни возрасни лица.

Секој уникатен печат се регистрира во Градското собрание и може да се провери неговата автентичност на документите.

Loading...

Печат и на дигитален документ

За секојдневно ставање на печат луѓето користат помали, поевтини печати што масовно се произведуваат. Ставањето печат често е клучен дел од секојдневната рутина на вработените во канцеларија. Тоа е тоа што Суга сака да го искорени.

– Ќе инсистирам на тоа печатите да не се користат за административни постапки, освен ако тоа не е апсолутно оправдано, рече тој.

Примери за претерана употреба не е тешко да се пронајдат, па така министерот за администрација Таро Коно покажа документ со повеќе од 40 печати на различни службеници.

Понекогаш се бараат печати и за дигиталните трансакции. „Еднаш ми побараа да ставам печат на празен лист хартија, да го скенирам и да го прикачам на сметка за електрична енергија“, се смее граѓанката Сајури Ватаја.

Владиниот план веќе вроди со некаков плод, па така јапонската полиција објави дека нема повеќе да бара печати на „обичните“ документи. Компанијата Хитачи најави дека го укинува ханко во внатрешната комуникација.

Некои, сепак, предупредуваат дека купиштата документи што ги гушат јапонските компании и владини канцеларии имаат длабоко вкоренети причини.

Пишување наместо печат

Loading...

Директорот на Јапонскиот истражувачки институт Такајуки Ватанабе ги гледа печатите како дел од јапонската хиерархиска деловна структура.

За да добие одобрение за неговата одлука, еден вработен треба да добие печат од сите колеги над него, еден по еден, рече тој. И без прескокнување на оние во средина.

Печатот на највисокиот во хиерархијата е обично горе лево од документот, а пониските вработени се редат подолу, како да се „поклонуваат“. Кога целиот тим става печат, тоа покажува дека е донесена колективна одлука. „Никој во Јапонија не сака да преземе одговорност“, вели Ватанабе.

Тој додава дека владината кампања против печатите нема да има смисла, ако не се смени таквиот менталитет.

Марина Илиевска

Leave a Reply