Рабиеи: Иранскиот одговор на напад од САД ќе беше жесток

Сподели со своите пријатели

Каков било американски напад врз Иран ќе добие жесток одговор, изјави портпаролот на иранската Влада, Али Рабиеи,  по извештаите во медиумите дека американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела ја разгледувал опцијата за напад врз главната иранска нуклеарка.

Loading...

-Каква било акција против иранската нација сигурно ќе добие немилосрден одговор, рече Рабиеи.

Британските медиуми вчера јавија дека анонимен американски официјален претставник тврдел дека Трамп, на два месеца пред заминувањето од Белата куќа, на средба со врвните советници за национална безбедност, во Овалната соба ги разгледувал опциите за напад врз Иран.

Советниците, наводно, го одвратиле од оваа замисла заради ризикот од поширок конфликт.

Меѓу нив бил и државниот секретар, Мајк Помпео, кој утре ќе го посети Израел, земјата која долго ја разгледува воената акција против непријателски Иран.

-Да сум Иранец, немаше да бидам мирен, изјави израелскиот министер за енергетика Јувал Штајниц по извештајот за случувањата во Белата куќа.

„Многу е важно Иранците да знаат дека ако навистина тргнат кон збогатување на ураниум за нуклеарно оружје, тие ќе станат ранливи на напади од воената моќ на САД и евентуално на други земји“, додаде Штајниц за израелското воено радио.

Иран негира дека цел на неговата нуклеарна програма е воена, а Рабиеи го обвини Израел за „психолошка војна“ против неговата земја.

Loading...

-Лично, не мислам дека е веројатно САД да сакаат да предизвикаат несигурност во светот и регионот, заклучи иранскиот владин портпарол.

Сашко Димевски

Leave a Reply