Столтенберг: Цената ќе биде висока доколку прерано го напуштиме Авганистан

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска предупреди дека Алијансата може да плати висока цена доколку предвреме го внапушти Авганистан.

Loading...

Американските медиуми пренесуваат дека Столтенберг ова го кажа откако американски официјален претставник соопшти дека нивниот претседател Доналд Трамп се очекува во следните неколку недели да повлече значителен број американски трупи од Авганистан.

-Сега се соочуваме со тешка одлука. Ние сме во Авганистан речиси 20 години и ниту еден  сојузник од НАТО не сака да остане подолго отколку што е потребно. Но, во исто време, трошоците за предвремено напуштање или на некоординиран начин може да бидат многу високи, рече Столтенберг.

Тој додаде дека Авганистан, како земја уништена од конфликти, „ризикува повторно да стане платформа за меѓународните терористи, за планирање и организирање напади врз нашите татковини“.

Столтенберг предупреди дека вооружената група Исламска држава (ИД) може да заживее во Авганистан, откако загуби во Сирија и Ирак.

Американските медиуми претходно објавија дека претставници на Пентагон очекуваат Трамп да нареди продолжување на повлекувањето на вооружените сили на САД од Авганистан и Ирак.

Британските медиуми веќе навестуваат дека до крајот на јануари американскиот воен контингент во Авганистан ќе биде намален од 5.000 на 2.500 војници, а во Ирак од 3.000 на 2.500 војници.

Сашко Димевски

Loading...

Leave a Reply