Повторно голем број починати и новозаразени во Грција

Сподели со своите пријатели

Националната организација за јавно здравје на Грција, денеска соопшти 63 смртни случаи од Ковид-19 и 2.422 новозаразени, јави дописничката на МИА од Атина.

Loading...

Во споредба со вчера, за 43 е зголемен бројот на пациенти приклучени на апарати и денеска изнесува 443.

Од почетокот на епидемијата, од Ковид-19 во Грција починаа 1.228 лица, а регистрирани се вкупно 78.825 случаи.

Сања Ристовска, Грција

Leave a Reply