По неколку одложувања поради епидемијата на коронавирусот за време на викендот, натпреварот WSM (World Strongest Man) се одржа во Флорида.

Титулата најсилен човек на светот ја понесе 24-годишниот Украинец Олексиј Новиков.

Тој е исто така најмладиот победник на натпреварот досега.

Настапија десет финалисти. Некои од најголемите имиња, како Хафтор Бјорнсон, Мартинс Лисис и Роб Кирни, го пропуштија настанот поради пензија и повреди.

На патот кон победата, Новиков ги победи четирикратниот шампион на САД Брајан Шо и британската sвезда во подем Том Столтман.

Вицешампион е Столтман, а третото место го освои Канаѓанецот Ј.Ф. Керон.

