Социјалната мрежа Твитер се соочува со сериозни безбедносни закани.
Затоа не е изненадувачки што таа најми еден од најпознатите светски хакери за решавање проблеми, од инженерски грешки до ширење дезинформации.
Твитер вчера го назначи Питер Затко, познат по неговото хакерско име Mudge, за шеф на безбедноста и му даде широки овластувања да препорача промени во структурата и практиките, пренесува Ројтерс.
Мистериозни хакери „Робин Худ“ донираат украдени пари
Во исто време, во 90-тите години од минатиот век, Затко водел доверлив бизнис за компанија која имала договор со владата и била водач на „Култот на мртва крава“, група хакери славни по објавувањето алатки за хакирање на Виндоус за да го убедат Мајкрософт за подобрување на безбедноста.
Затко, меѓу другото, работел на специјални проекти на „Гугл“ и го надгледувал доделувањето на проекти за сајбер безбедност во Агенцијата за истражување и дизајн на Пентагон (ДАРПА).
Целата оваа приказна е резултат и на изборите во САД.
Имено, социјалните мрежи како Твитер, Фејсбук и други, беа под постојан надзор на јавноста поради ширењето дезинформации за време на изборите во 2016 година.
„Песочни црви“ најопасните хакери кои цела држава оставија без струја
За да не се повтори случајот, Твитер обележа постови за кои сметаше дека се дезинформации. Така, во неколку наврати, тие ги обележаа твитовите на сегашниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, како лажни.
Токму од таа компанија се надеваат дека Затка ќе и овозможи на социјалната мрежа Твитер да се справи со овој голем проблем од кој страдаат сите други социјални мрежи.