Изразувам длабоко сочувство до семејството Иванови за загубата на г-динот Љубисав Иванов – Ѕинго.
Тој ќе остане запаметен како еден од најискусните политичари кои својот капацитет, искуство и истрајност ги насочија кон градење на слободна и независна Македонија.
Неговата политичка, но и деловна кариера потврдува дека станува збор за еден од највпечатливите личности која имаше визија и мудрост да опстои и истрае.
Беше мој пријател, соработник и коалиционен партнер со кој имав принципиелна соработка и прилика да разменам искуства и заедно да бидеме на вистинската страна на политичката сцена. Ми беше поддршка кога бев генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и сега во времето кога имам можност да ја раководам.
Граѓаните денеска изгубија добар човек, политичар и пријател.
Почивај во мир пријателе и лесна ти земја!
Интегрално соопштение: Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ