Почина Љубисав Иванов – Ѕинго

Сподели со своите пријатели

Во 84. година од животот почина Љубисав Иванов – Ѕинго, поранешен претседател на Фудбалскиот Сојуз на Македонија (1993-1999), долгогодишен истакнат фудбалски работник и прв човек на ФК Силекс и почесен претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Loading...

Љубисав Иванов Ѕинго е роден на 8 ноември 1936 година во с. Трновац, Кратово. За претседател на Фудбалскиот сојуз на Македонија (ФСМ) беше избран на 7. февруари 1993 година. Под негово водство, Фудбалскиот сојуз на Македонија стана полноправен член на најважните фудбалски организации, ФИФА и УЕФА. Како претседател на ФСМ ја предводеше македонската делегација и нашиот национален состав на првиот официјален натпревар на А репрезентацијата на Македонија во Крањ, Словенија во 1993 година.

– Македонскиот фудбал денес го загуби еден од своите најдобри и најважни фудбалски работници во својата историја. Ми беше чест што го познавав и соработувавме со Љубисав Иванов – Ѕинго, а навистина е безпредметно воопшто да набројуваме со што сѐ го задолжи нашиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија. Наша должност е да продолжиме по патот кој тој го трасираше. Да се грижиме за федерацијата и луѓето, да се грижиме за македонскиот фудбал.

Во име на Фудбалската федерација на Македонија и целото фудбалско семејство, изразувам најдлабоко сочувство до семејството на Љубисав Иванов – Ѕинго. Нашите мисли сѐ со Вас, стои во пораката на Муамед Сејдини, претседател на Фудбалска федерација на Македонија.

Зоран Стерјовски

Leave a Reply