Интернационалниот олимписки комитет има намера да ги покрие трошоците за вакцинирање на спортисти пред Олимписките игри во Токио, пренесува „АП“.
Loading...
Претходно, претседателот на ИОК, Томас Бох, рече дека ќе работи на тоа сите учесници на Олимписките игри во Токио да бидат вакцинирани против коронавирусот, доколку вакцината е достапна до тоа време.
Олимписките игри во Токио требаше да се одржат од 24 јули до 9 август 2020 година. Поради пандемијата, игрите се одложени за една година и ќе се одржат од 23 јули до 8 август 2021 година.
Зоран Стерјовски