Попладне претежно сончево време со слаб јужен ветер

Сподели со своите пријатели

Времето денеска претпладне понекаде во котлините на север и на исток беше магливо или со значителна ниска облачност, а од пладневните часови ќе биде претежно сончево и ќе дува слаб јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 19 степени.

Loading...

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Температурата ќе се движи од утрински 2 степени до максимална дневна 13.

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека утре и в среда ќе преовладува облачно и врнежливо време. Врнежите ќе започнат утре кон крајот на денот од запад и ќе продолжат во текот на ноќта насекаде, а во среда ќе престануваат на југоистокот. Овие врнежи ќе бидат пообилни во јужните делови.

Од петок наутро ќе е постудено, а в сабота има услови за повремен дожд, а на планините на северот од повремен снег.

Leave a Reply