Нашите животи ќе се вратат во нормала следната зима, тврди креаторот на вакцината против Ковид-19

Сподели со своите пријатели

Ефектот на новата вакцина против ковид-19 ќе се почувствува позначајно во текот на претстојното лето, а нашите животи треба да се вратат во нормала до следната зима, рече еден од нејзините креатори, професорот Угур Сахин, ко-основач на BioNTech.

Loading...

Сахин верува дека оваа зима сепак ќе биде тешка бидејќи вакцината нема да има големо влијание врз бројот на нови инфекции, пишува Би-Би-Си.

Минатата недела, BioNTech и Pfizer објавија дека прелиминарните анализи покажале дека нивната вакцина е ефикасна во 90 проценти од случаите, колку што може да спречи развој на симптоми на ковид-19. Околу 43.000 волонтери учествуваа во тестовите што ги спроведоа.

Во интервју за Би-Би-Си, професорот Сахин рече дека е убеден дека вакцината ќе го намали преносот на вирусот меѓу луѓето и ќе спречи развој на симптоми кај луѓето кои се вакцинирани.

Тој додаде дека можно е и вакцината да го преполови преносот на вирусот, што би било од големо значење.

„Јас сум многу уверен дека пренесувањето на вирусот меѓу луѓето ќе се намали благодарение на толку високо ефективната вакцина, можеби не за 90 проценти, можеби и за 50 проценти, но не смееме да заборавиме дека дури и таков процент може да резултира со драматично намалување,” тој рече.

„Животот може да се врати во нормала до пролетта“

Откако во понеделникот беше објавена веста за првата ефективна вакцина во светот за коронавирус, Сер Џnон Бел, професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот Оксфорд, рече дека нашите животи може да се вратат во нормала до пролетта.

Loading...

„Јас сум веројатно првиот што јавно го кажувам тоа, но јас сум прилично сигурен во тоа“, рече Бел.

Сепак, проф. Сахин верува дека ќе биде потребно повеќе време за повторно да се нормализира животот.

Ако работите продолжат да се развиваат добро, вакцината треба да започне да се дистрибуира „кон крајот на оваа година, почетокот на следната година“.

Нашата цел е да испорачаме повеќе од 300 милиони дози на вакцини ширум светот до април следната година, што, посочи тој, „сепак треба да претставува почеток на поголемо влијание“ на вакцината врз ширењето на пандемијата.

Тој објасни дека поголема ефикасност на вакцинацијата ќе се почувствува нешто подоцна.

„Летото ќе ни помогне во тоа, бидејќи стапката на инфекција се намалува во текот на летото, и за нас е исклучително важно да можеме да реализираме висока стапка на вакцинација, пред, есента и зимата следната година.

Тој истакна дека верува оти е потребно сите програми за имунизација да бидат завршени пред есента следната година.

Колку е ефикасна вакцината за постарата популација и колку е ефективна за помладата популација?

Loading...

На новинарско прашање дали вакцината е исто толку ефикасна за постарата популација како за помладата, тој рече дека ќе може да даде попрецизен одговор во следните три недели.

Тој исто така рече дека сè уште не е познато колку долго ќе трае имунитетот на една личност откако таа ќе добие втора доза на вакцината.

Во секој случај, дополнителна, ревакцинација, „не треба да биде премногу комплицирана“ ако се утврди дека имунитетот значително се намалил по една година.

Сахин исто така рече дека „клучните несакани ефекти“ што научниците ги забележале досега се само лесна до умерена болка на местото на инјектирање, која траела неколку дена, а некои волонтери добиле лесна до умерена треска, која исто така траела кратко време.

„Не забележавме сериозни несакани ефекти што би резултирале во прекинување на нашата студија“, додаде тој.

Вакцината развиена од проф. Сахин во соработка со неговата сопруга е една од 11-те кои во моментов се во завршна фаза на тестирање.

Leave a Reply