Без струја денеска и утре низа локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе локации во текот на денот и утре ќе останат без електрична енергија, поради интервенции на ЕВН во дистрибутивниот систем.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини за денеска се најавени во период од 08:00 до 15:00 часот за следниве локации: улица „Никола Тесла“, селата Речица, Режановце, Костурник, Кратовци, локалитетот Споменик Костурница, село Долно Којнаре, Авијатика, Земјоделско училиште, месноста „Прмак“, „Црн бик“, Железничка – Речица, „Квалитет пром“, „Детоил 1“, Аџитепе, „Контрашпед“, Бензинска – „Ага Ибро“, „Жмара“, „Профи Нен“, „Силекс 2“, Свињарска фарма и  Речица млин.

Прекини се најавени и за утре кога во период од 08:30 до 16:00 часот без електрична енергија ќе бидат жителите на липковските села Матејче, Никуштак и Виштица.

Своите активности ЕВН ќе ги продолжи во понеделник, кога без струја во период од 08:15 до 11:00 часот ќе бидат улиците „Романовска“, „Страшко Симонов“, како и Филтер станицата за вода, Винарски подрум, „Тушевски“, „Кватро“, „Биброк“, „Киро Фетак“.

Никола Ивановски

Leave a Reply