Македонските фудбалери испишаа историја, обезбедија учество на ЕУРО 2020 (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Македонската фудбалска репрезентација за прв пат во својата историја обезбеди учество на едно големо натпреварување. Предводени од капитенот Горан Пандев, “црвено-жолтите“ вечерва во Тбилиси, во баражот за Европското првенство 2020, ја совладаа Грузија со 1:0.

Loading...

 

 

Стрелец на победничкиот гол беше Пандев во 56. минута по одличната акција во која учествуваа и Елиф Елмас и Илија Несторовски.

 

 

Loading...

Како што најавија, сите играчи кои добија шанса од селекторот Игор Ангеловски, го дадоа својот максимум, бескомпромисно влегуваа во дуелите со физички силните Грузијци и на крајот заслужено беа наградени со пласман на континенталното натпреварување.

 

 

На евро-шампионатот, одложен поради коронавирусот од оваа за следната, 2021 година, македонскиот национален тим ќе игра во Ц-групата со селекциите на Холандија, Украина и Австрија.

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Текст: Зоран Стерјовски / фото: УЕФА

Leave a Reply