„Да го сакаме наше Куманово, како што го сакаа нашите ослободители“, порача денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски од свечената седница на Советот на Општина Куманово која се одржува по повод Денот на ослободување на градот 11 Ноември во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
Димитриевски, во својот свечен говор даде осврт на макотрпната борба на предците за слободно Куманово, но истакна дека денес 76 години подоцна, Куманово се соочува со уште една битка, а во која борци сме сите ние, битката против коронавирусот.
– Денес 76 години од првата победа Куманово се соочува со уште една битка во која борци сме сите ние граѓаните, за разлика од нашите предци кои се бореле против фашистичкиот окупатор, денеска битката ја водиме против непријателот на нашето и колективното здравје, наше е да одбереме дали ќе бидеме хероите на градот и ќе застанеме во борба со Ковид 19 рамо до рамо со здравствените работници, кои деноноќно пожртвувано работата за доброто на секој еден граѓанин на нашиот град-за тебе за твоите најблиски, за наше Куманово, рече Димитриевски.
Ако во далечна 1944-та година хероите беа борците на НОБ, вели Димитриевски, денес херои се здравствени работници, кои неизмерно и со голема количина на посветеност професионалност ја извршуваат работата помагајќи на заболените од Ковид.
– Тие во оваа битка го носат најтешкиот товар на своите плеќи, тие се хероите во кои сега сите гледаме надеж, херои се и пожарникарите, и полициските и армиските припадници, работниците од комуналните претпријатија, здравствените работници, просветните, вработените во супермаркетите, херои сме сите ние кои покажуваме одговорност во овие тешки моменти, истакна градскиот татко.
Како што рече Димитриевски, слободата нема цена и треба да се вложи во разумност, да го цениме онаа што со децении се градело, за да ги уживаме бенефитите и да бидеме свесни за сопственото и здравјето на сограѓаните и најблиските.
– Слободата не е целосна доколку секојдневно гледаме како згаснуваат животи на нашите најблиски, нашите предци се изборија со сплотеност и силна желба за подобро утре. да ги следиме нивните стапки со разумност, сполетност, и одговорност и денес. Да го сакаме наше Куманово, како што го сакаа нашите ослободители и тогаш, рече тој.
Куманово, вели Димитриевски, се развива во современ, економски развиен град, се вложува во инфраструктура, образование, урбанизација, развој и поддршка на бизнис заедницата, се афирмира спортот и културата, и се негуваат сите заедници кои опстојуваат и делуваат во Куманово.
– Денес можеме да кажеме дека Куманово е град посакуван дом за секого, Куманово нуди можности за сите, подобро секојдневие на граѓаните не само за денес туку и за подобро утре, за нас и идните генерации. Куманово денес е општина која промовира мултитиетничност, мултикултура и соживот. На оваа поднебје живееле и живеат Макеоднци, Албанци, роми, турци, валси, други етникуми и тогаш и денес ме пример за единство. Различностите не бзлижуваат кога целта е иста а тоа е мирен безбеден и просперитетен живот за секого, рече Димитриевски.
Во својот говор, Димитриевски ја потенцираше осумгодишната финансиска блокада која од годинава е минато, и рече дека Куманово конечно е општина без долгови, благодарение на одговорно и транспарентно менаџирање со средствата од граѓаните.
– Вложивме во образованието за најмалите оние кои ќе ги уживаат благодетеите од посветената работа во иднина. Се опремуваме по највисоки стандарди во училиштата вложуваме во нови спортски училишни капацитети водиме грижа и за лица со попреченост, вложуваме и во подобра иднина за младите, просперитетна иднина со раст и развој слобода и можности за секој млад човек, затоа пт само дома си е дома во родното Куманово. Постигнатиот резултат се отсликува со реалзиаицја на голем број проекти во општионата, а со тоа и насмевките на лицата на секој еден поединец во овие тешки моменти кога ќе изградиме една инфратсрукрура и кога ќе решиме комунален проблем, рече градоначалникот.
Димитриевски вети дека ќе продолжи Куманово да се развива во насока на создавање современа развиена европска општина со високи стандарди на урбано живеење и со подобри услови за сите граѓани.
Текст/фото: Никола Ивановски