Планинарите од ЗПЗП „Козјак 2013“, по повод патронатот на градот – 11 Ноември изминатиот викенд организираа планинарски марш во Козјачијата.
Loading...
Тие ги посетија водопадите во селото Длаболица – дијамантот на Козјак.
Loading...
Како што информираат од ЗПЗП „Козјак 2013“ на маршот учествувале многу планинари и граѓани -љубители на природата од 7 до 77-годишна возраст за да им одадат почит на сите борци кои војувале за слободата на Куманово и кумановско.
Никола Ивановски