Овој човек во својата колекција има над 1.000 телефони – сите функционираат (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Од Турција доаѓа приказната за страствен колекционер на мобилни телефони.

Loading...

Сахабетин Оџелик ги собира овие уреди веќе две децении, а досега има повеќе од 1.000 од нив во колекцијата.

 

 

Како што вели за агенцијата „Анадолу“, тој поправал мобилни телефони повеќе од дваесет години, а неговото хоби е да ги собира.

Инаку, неговата колекција би била уште поголема денес, ако крадците не упаднале во куќата во 2018 година и одзеле околу 700 модели.

 

Loading...

 

„Бев заинтересиран за мобилните телефони, па решив да започнам со нивна поправка. Потоа започнав да ги собирам, мислејќи дека еден ден повеќе нема да бидат таму, дека ќе бидат застарена технологија. Сите телефони од мојата колекција работат, но многу веќе не се произведуваат“, рече Оџелик.

Тој наишол на копии на различни начини – некои ги купил, а некои едноставно му ги дале сопствениците кои повеќе не сакале да ги користат.

 

 

„Некои модели се многу ретки. Луѓето дојдоа да ги купат за големи пари, но јас не сакав да ги продадам. Не е лесно да ги одржувам сите, но се обидувам да ги задржам во најдобра можна состојба”, објасни тој.

Loading...

Leave a Reply