Гарсија се повлекува од функцијата главен тренер на Селта

Сподели со своите пријатели

Главниот тренер на Селта, Оскар Гарсија ја напушти функцијата, објавено е денес на официјалната веб-страница на прволигашот од Виго.

Loading...

Клубот им се заблагодари на 47-годишниот Шпанец и неговите помошници за професионалноста и посветеноста.

Гарсија ја водеше Селта од ноември 2019 година. Клубот од Виго во моментов е 17-ти во Ла Лига со само седум бода по девет одиграни кола.

Зоран Стерјовски

Leave a Reply