Јапонскиот гигант за видео игри „Нинтендо“ соопшти дека неговиот профит во првата половина од фискалната година се зголемил за 243,6 проценти, бидејќи побарувачката за овој вид забава нагло се зголемила за време на пандемијата на коронавирусот.
Компанијата ја зголемила предвидената продажба на 13,4 милијарди долари, како и профитот за целата година.
Индустријата за видео игри е еден од ретките економски сегменти што доживува бум за време на пандемијата, бидејќи луѓето остануваат повеќе дома.
„Нинтендо“ соопшти дека нејзиниот профит се зголемил за две милијарди долари во текот на шест месеци до септември, објави АФП.
Продажбата се зголемила за 73,3 проценти, а побарувачката за конзоли за видео игри не стивнува, иако уредот на овој производител е на пазарот веќе четири години.