ДРАМА ВО КУМАНОВО: Ја заклучил мајка си, се обидел да нападне полицајци, па се повредил самиот

Сподели со своите пријатели

Дваесет и тригодишен кумановец заврши во притвор, откако ја заклучил својата мајка, потоа се обидел да нападне полицајци, за да на крајот се повреди самиот себе.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.А.(23) од с.Љубодраг, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што објаснуваат од полицијата, на 03.11.2020 во семејната куќа во с.Љубодраг, пријавениот, по вербална расправија, ја заклучил неговата мајка Н.А.(44) во нивниот дом, заканувајќи се да не повика полиција. Со помош на соседи таа повикала полиција, а откако Н.А. ги забележал полициските службеници, се обидел со остар предмет да ги повреди, по што самиот си нанел повреди.

По укажаната помош во кумановската Болница пријавениот, на 04.11.2020 бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К’шање, додаваат од МВР.

Никола Ивановски

Leave a Reply