Во најстуденото село во светот луѓето живеат на 60 степени под нулата (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На рускиот Далек исток во републиката Јакутска се наоѓа Ојмјакон, село во кое во зима температурите паѓаат до -60 степени, а во лето не надминуваат 30. Најладното село во светот е населено место.

Loading...

 

 

Кога температурата во Ојмјакон малку ќе порасне, неговите жители се многу среќни, посебно децата. Во училиште ќе може да се оди без непрегледни слоеви облека и лесно ќе се дише. Ќе биде „само“ -36 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Ојмјакон се наоѓа во источниот дел на Сибир, на брегот на реката Индигирка, додека припаѓа на Република Јакутска од кое главниот град е одалечен дури 21 час возење со автомобил.

 

 

Студенилото всушност како и одалеченоста во Русија како да попримаат сосема нова димензија. ојмјакон е најстуденото постојано населено место на светот со најниска температура измерена од неверојатни -71,2 степени.

 

 

Loading...

Ветерот дува многу ретко, а годишно паѓаат нешто повеќе од 200 милиметри дожд. Но, од друга страна, температурата во лето достигнува од 20 до 30 степени, а најголемата температура во селото е забележана во 2010 година.

Тогаш живата во термоментарот застанала на 34,6 степени. Годишната температурна амплитуда неретко изнесува над 100 степени, а просечната годишна температура е -15 степени целзиусови.

 

 

Инетересно е што во непосредна близина на Ојмјакон се наоѓаат бројнии и богати извори топла вода, а реката Индигирка е доста погодна за риболов.

Населението на најстуденото населено место на светот во принцип се прехранува со месо, како поради неговите високи калорични вредности, така и поради проблемите со транспорт на свежо овошје и зеленчук. Со оглед на тоа дека земјата се замрзнува до голема длабочина, Русите кои овде живеат имаат проблеми дури и со изградба на одвод за канализација, па тоалетите ги сместуваат обично андвор од домот.

 

Loading...

 

Користењето на мобилниот во зима е скоро невозможно затоа што уредите редовно смрзнуваат во џеповите, а оние кои немаат греење во гаражите, автомобилите не ги гаснат преку ноќ затоа што наутро нема да можат да ги запалат.

 

 

Loading...

Доколку сето тоа не ви е доволно силен показател е вртоглавата ниска температура на рускиот Далечен исток во период на најголемо студенило луѓето мора да внимаваат и на тоа како и колку бргу го вдишуваат воздухот. Доколку дишат предлабоко или пребрзо, на белите дробови можат да добијат гребнатини. Занимавање со спортови на отворено не доаѓа пердвид.

 

 

Како изгледа прекрасна, но и мемилосрдна секојдневица во Ојмикрон за крај можете да погледнете во феноменалната галерија на Алмос Чапле кој поминал два дена во оваа населено место.

Loading...

 

Leave a Reply