Напаѓачот во Виена потекнувал од Северна Македонија

Сподели со своите пријатели

Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер денеска потврди дека напаѓачот кој синоќа го изврши терористичкиот напад во центарот на Виена потекнува од Република Северна Македонија.

Loading...

Нехамер рече дека напаѓачот, кој беше убиен од полицијата, имал 20 години, имал македонско потекло и бил осуден за терористичко здружување.

Министерот го кажа и името на убиениот терорист – Кујтим Фејулаи, кој на 25 април минатата година бил осуден на 22 месеци затвор поради обид да отпатува во Сирија за да се приклучи на Исламската држава.

Фејулаи бил ослободен од затвор, условно на 5 декември минатата година, бидејќи, врз основа на неговата возраст, бил опфатен со поблаго законодавство предвидено за помлади престапници.

Нехамер за агенцијата АПА изјави дека терористот имал австриско и македонско државјанство.

Главниот уредник на списанието „Фалтер“, Флоријан Кленк претходно објави дека напаѓачот е Албанец од Северна Македонија, роден и израснат во Виена.

– Тој бил опремен со лажен појас за бомби, автоматска пушка, пиштол и мачета, оружје со кое го изврши грозоморниот напад врз невини граѓани, нагласи Нехамер.

Тој рече дека биле извршени претреси во околината на напаѓачот, поточно бил извршен претрес во 15 станови и оти се уапсени неколку лица.

Loading...

Хоророт во Виена низ фотографии и видеа (ВОЗНЕМИРУВАЧКО)

Јасмина Тасевска

Leave a Reply