Во светот со новиот коронавирус заразени се 46.931.194 луѓе, а починале над 1,2 милиони лица, објави сајтот „Вордлметер“.
Најголем број на заразаени и смртни случаи има во САД. Повеќеод 9,4 милиони луѓе се инфицирале со Ковид-19, а од последици од болеста починале 236.501 човек.
На второ место со 8,2 милиони луѓе заразени е Индија, а потоа следат Бразил со 5,5 инфицирани, Русија со речиси 1,7 милиони заболени луѓе.
Во Франција, Шпанија, Аргентина, Колумбија и во Велика Британија веќе се регистрирани над еден милиони инфицирани луѓе со новиот коронавирус.
На второ место по бројот на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 е Бразил, каде починале 160.074 луѓе, следи Индија со 122.607 починати, Мексико – 91.895 и Велика Британија со 46.717 починати луѓе.
Во изминатите 24 часа во Иран забележани се рекордни 440 смртни случаи поиради што стапи во сила забранара за излегување во големите градови. Од почетокот на октомври затворени се училиштата, џамиите, продавниците и рестораните во поголемиот дел од земјата, а од денеска стапува во сила забраната за патување во и од 25 градови,вклучително и Техеран. Во Иран вкупно 628.780 луѓе се инфицирале со новиот коронавирус, а починале 35.738 луѓе.
Во изминатите 24 часа регистрирани се и рекордни 32 починати во Хрватска и 1.165 заразени луѓе. Во истиот период во Словенија пријавени се 557 нови случаи и 25 починати.
За еден ден во Босна и Херцеговина забележани се 764 новозаразени лица и 32 смртни случаи.
Во Бугарија во изминатите 24 часа регистрирани се 1.225 новозаболени и 19 смртни случаи.
Во Унгарија за еден ден е регистриран рекордни 70 смртни случаи и 3.581 заразени лица со Ковид-19.
Во Романија за еден ден пријавени се 4.041 новозаболени лица и 86 смртни случаи.
Марина Илиевска