Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо го пофали напаѓачот Герет Бејл, кој го постигна победничкиот гол синоќа на средбата со Брајтон (2:1) во 7. коло од Премиер лигата.
– Бејл го заслужи овој гол. Кога ќе имам време пет минути, ќе проверам на интернет и ќе прочитам што пишуваат мадридските страници за него. Тој покажа карактер и играше голема улога, постигнувајќи многу важен гол за нас. Му се придружи на Хари Кејн на теренот во последните минути од натпреварот, и тие играа многу паметно, испраќајќи ја топката во области каде противникот не може да претставува закана за нас. Герет знае дека клубот се грижи за него, па и дека тој враќа со иста мера за интересите на клубот. Тој е многу мирно, интелигентно момче. Мило ми е што го постигна победничкиот гол, истакна Мурињо.
Бејл оваа сезона се врати во Тотенхем од Реал Мадрид каде беше изоставен од првиот тим.
Тотенхем по седум кола е на 2. место во Англискиот фудбалски шампионат со 14 бода, два помалку од лидерот Ливерпул.
Зоран Стерјовски