Во Велика Британија оваа недела регистрирани се околу 52.000 нови случаи скоро секој ден, што е големо зголемување во споредба со претходната седмица кога дневниот пораст беше околу 35.000, покажуваат податоците објавени од Националната канцеларија за статистика (ОНС).
Loading...
Истражувањето на ОНС за епидемијата проценува дека 568.100 луѓе имале Ковид-19 помеѓу 17 и 23 октомври, за разлика од 433.300 претходната недела.
Се проценува дека едно од 100 лица во Англија оваа недела се заразило со коронавирусот, додека минатата недела тој однос бил еден спрема 130.
Јасмина Тасевска