„Мекеми Менор“ е една од најпознатите куќи на хорор во светот. Во неа нема ограничувања.
Штом влезете внатре (додека не кажете „безбеден збор“ – лозинка за да побарате да ве пуштат надвор), се предавате на милост и немилост на вработените кои физички ќе ве нападнат, ќе ве преплават со вода, ќе ве врзат, ќе ве принудат да јадете одвратни работи и мачат на разни други начини.
Фактот дека сопственикот Рас Мекеми понудил 20 илјади долари на оној што ќе успее да издржи до крај, а досега никој од неколкуте илјади посетители не успеал никој, сведочи колку е тешко тоа искуство.
Сопственикот сподели некои детали за неговиот имот, кој се наоѓа во Тенеси, за Лед Библ. Тој рече дека некои од учесниците дури и самите си ги ваделе забите или ноктите.
„Тие го прават тоа сами, јас не им го правам тоа на нив. Тие ќе си ги извадат своите заби, што не е лесно да се направи, ќе ги извадат ноктите или ќе ја истрижат косата. Јас само ги надгледувам. Ние користиме хипноза и други форми на контрола на умот, ги тераме да прават прилично луди работи, но тие сепак треба да бидат подготвени да го сторат тоа. Тие се свесни што се случува. Не можам да ги натерам да скокаат од зграда или од нешто друго“, рече Мекејми.
Тој додаде дека ги смета за луди луѓето кои се подготвени да го сторат тоа, но дека повеќето луѓе, и покрај ужасните работи што ќе ги доживеат таму, го сакаат искуството.
Вели дека често добивал смртни закани заради тоа што го правел, но дека не бил премногу загрижен за неговата безбедност.
Тој додаде дека малку го омекнал искуството, а исто така се откажал и наградата од 20 илјади долари.
„Привлекува погрешен вид луѓе, луди луѓе кои се подготвени на сè, и Менор секогаш ќе победи. Никој нема да замине од тука со пари, затоа што 10 часа на имотот ќе ги скршат сите, не ми е гајле колку силен мисли дека е тој”, рече тој.
Наместо 10-часовна турнеја, тој сега воведе поблага што трае шест часа и луѓето имаат поголеми шанси да ја завршат.
„Тие сè уште се откажуваат, но сега ние им даваме нешто полесно. Ако некој навистина сака поекстремна турнеја, ќе ја добие, но навистина не сака. Ако решиш да се обидеш, мора да се подготвиш психички и физички да бидеш многу груб. Препорачувам да започнеш со полесни турнеи за да видиме како е“, заклучи тој.
Фотографиите се вознемирувачки и можете да ги погледнете ТУКА, ТУКА, ТУКА и ТУКА.