Николиќ: Новиот претседател на СДСМ ќе биде избран на слободни партиски избори

Сподели со своите пријатели

Новиот претседател на СДСМ ќе биде избран на директни, фер, слободни партиски избори, рече денеска Ивана Николиќ од локалниот огранок на партијата, презентирајќи ги одлуките донесени на 25иот конгрес на партијата која изминатиот викенд се одржа онлајн.

Loading...

– Како една од важните одлуки донесена на конгресот е таа што претседателот на партијата ќе се избира на внатре партиски избори – Следната година, кога истекува мандатот на ова раководство, за првпат во историјата на државата една политичка партија својот претседател ќе го избира на внатрепартиски, непосредни избори. Новиот претседател на СДСМ ќе биде избран на директни, фер, слободни партиски избори. За Претседател на СДСМ ќе може да се кандидира секој член со најмалку 5 години работа во партијата и со поминат најмалку еден мандат како член на Централниот одбор со право на глас, изјави Николиќ.

Како што вели таа, ова е врвен чин на демократизација и пионерски чекор во партиското дејствување во Република Северна Македонија.

– Како партија која се стреми да биде родово рамноправна донесовме одлука за застапеност на двата пола подеднакво во телата на партијата – За првпат во историјата на партијата, Форумот на жени на СДСМ и Социјалдемократската младина на Македонија се регулираат како трајни и статутарно предвидени форми на организирање. Претседателите на Форумот на жени и на СДММ ќе учествуваат во работата на извршните органи, со право на глас, на сите нивоа. Воедно, старосната граница во партијата ја израмнуваме со најпрогресивните европски стандарди, појасни Николиќ.

За прв пат, како што рече Николиќ, ќе се формира и Форум на пензионери каде највозрасните членови на партијата ќе можат да ги дадат своите идеи и предлози.

Никола Ивановски

Leave a Reply