Viber воведува функција за плаќање сметки

Сподели со своите пријатели

Вибер одлучи по повод десеттиот роденден да објави воведување на функцијата за плаќање во чет-ботови.

Loading...

Ова значи дека ќе биде можно да се користи Viber за плаќање преку Google Pay или други достапни решенија за мобилен е-паричник, како што е наведено во соопштението.

„Пејпал“ воведува услуга за плаќање со криптовалути

Оваа одлика ќе биде тестирана во Украина и треба да биде достапна ширум светот следната година.

Според Вибер, уште во 2017 година, 64% од милениумците биле заинтересирани за плаќања во рамките на апликациите за допишување.

Оттогаш, тој број постојано се зголемува, а пандемијата само ја потенцираше потребата да се воведе решение што ќе овозможи практично сè да се направи тоа од далечина.

Што се однесува до можноста, ќе можете да платите за сè за што вообичаено ја користите картичката, доколку е поддржана, се разбира – комунални услуги, трошоци за испорака, јавен превоз итн.

Наместо картичка, како средство за плаќање ќе ја користиме дланката

Loading...

За да можат да ја користат услугата за плаќање во рамките на апликацијата, корисниците ќе бидат обврзани (доколку нивната банка одобри) да ја регистрираат својата дебитна или кредитна картичка во нивниот електронски паричник, со што опцијата за плаќање ќе биде достапна преку кој било чет-бот развиен на интерфејсот Viber. .

Leave a Reply